Повеќе Австралијци од кога било досега бараат помош во врска со менталното здравје

Source: SBS
Повеќе Австралијци од кога било досега бараат третман за состојба на менталното здравје. Додека има многу подобрувања во медицинскиот третман во последниве децении- организациите кои се залагаат и ги поддржуваат потребите на лицата кои ги користат услугите за ментално здравје, предупредуваат дека сé уште претстои долг пат за да се сруши стигмата - особено во некои од нашите културно разновидни заедници.
Share