Австралиска промоција на “Летот на мојата гулабица” од Светлана Јаневска

Книгата „Летот на мојата гулабица” од Светлана Јаневска неодамна беше промовирана во Мелбурн, каде присуствуваа претставници од Владата и парламентот на Викторија.

463042898_10161727631334133_5834743279017901367_n.jpg
На промоцијата во организација на МАСО - Macedonian Australian Community Organization, свое обраќање кон присутните имаа Натали Сулејман – викториска министерка за ветерани, млади и за мал бизнис и вработување, пратеникот Др. Даниел Мулино и пратеничката Касандра Фернандо од Парламентот на Викторија.

За женското здравје и респект на настанот говореа и, Др. Сузана Котевска – акушер и гинеколог, Др. Ивана Матиќ – Станчин – лекар по општа медицина, Слободан Бенџо – психолог и Даниел Переира – човечки ресурси. Промотор на книгата беше Татјана Лазаревска.

Книгата „Летот на мојата гулабица“ на Светлана Јаневска од Мелбурн, се роди од личната болка и семејна драма на авторката, кога нејзината мајка беше дијагностицирана со рак на грлото на матката, од кој и почина.
a75c3458-4b27-4de7-9630-7d3e9cc30702.jfif
d0a0c62a-5198-467b-85f7-8b7469a009d5.jfif
7c5e75f7-bb0e-4701-aaaa-f5eb2f65f492.jfif
7c8cdf67-58ef-4795-88a5-900dddf486d5.jfif
82979ab3-a1d3-49a3-a427-f54d28293328.jfif

Share
Published 14 February 2025 1:08pm
Updated 14 February 2025 2:43pm
By Maja B.Talevska
Source: SBS

Share this with family and friends