Во петокот, Австралија забележа 28 смртни случаи од КОВИД-19, вклучително девет во Нов Јужен Велс (НЈВ) и Викторија, и седум во Квинсленд. Западна Австралија објави историска бројка од 11 смртни случаи дневно.
Викторија регистрира 571 лице примено со КОВИД-19 во болниците, што е највисока бројка од 4 април до сега. За прв пат во изминатите три недели, Западна Австралија пријави под 10.000 нови инфекции.
Нов Јужен Велс пријави 34 лица со КОВИД-19 во примени во Одделот за интензивна нега, што е најниска бројка од 4 април до сега.
Проверете ги најновите трендови КОВИД-19 за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи во Австралија.
Водечките моделари за епидемиологија предвидуваат уште еден бран со КОВИД, на почетокот на јуни. Во извештајот на Аустралиан Фајненшал Ревију се цитирани епидемиолозите кои велат дека инфекциите предизвикани од BA.2 варијантата на Omicron се стабилизирале во земјата, а новите варијанти BA.4 и BA.5 ќе доведат до нови инфекции.
Викторија најави бесплатни вакцини против грип за жителите, откако случаите се зголемија за повеќе од 30 отсто во изминатата недела. Бесплатните вакцини ќе бидат достапни кај 3.000 општи лекари и аптеки во заедницата помеѓу 1 и 30 јуни.
Нов Јужен Велс, Јужна Австралија и Квинсленд веќе најавија бесплатни лекови против грип за нивните жители.
Јужна Австралија пријави случај на менингококна болест, откако 13-годишно момче било примено во болница. Неговите осум блиски контакти се насочени да примаат антитела.
Бактериската болест може да биде смртоносна. Може да предизвика инфекции на мозокот, 'рбетниот мозок и крвотокот.
По двегодишното затворање поради пандемијата, од 10 јуни, Јапонија ќе дозволи туристи од 98 земји. Сепак, туристите можат да ја посетат Јапонија само како дел од туристичките групи.