Најнови информации за КОВИД-19: Границата се отвора за квалификувани работници и за студентите, а Викторија ги олеснува здравствените наредби

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 15 декември 2021 година

People arrive at Hobart Airport in Hobart, Wednesday, December 15, 2021. Tasmania has reopened to all fully-vaccinated travellers from mainland states and territories. (AAP Image/Rob Blakers) NO ARCHIVING

People arrive at Hobart Airport in Hobart, Wednesday, December 15, 2021. Source: AAP

 

  • На целосно вакцинирани квалификувани работници и странски студенти, им е дозволено да влезат во Австралија, без потреба од формално ослободување за патување. Границите се отвараат за нив, по две години откако границите беа затворени на почетокот на пандемијата
  • По 22 месеци затвореност, Тасманија повторно ја отвори границата со остатокот од Австралија.
  • Жителите на Викторија повеќе нема да треба да бидат целосно вакцинирани за несуштинска малопродажба, свадби, погреби и да користат услуги за недвижнини според промените на наредбите за јавно здравје на државната влада.
  • Дневниот број на нови инфекции со КОВИД-19 во Нов Јужен Велс ,скокна за повеќе од 500, додека државата се подготвува за понатамошни бранови, зашто невакцинирани луѓе сега се слободни да купуваат и да се дружат.
  • Властите во Нов Јужен Велс потврдија 25 нови случаи на варијантата Омикрон Ковид-19, со што вкупниот број во државата достигна 110.
  • Моделирањето од Универзитетот во Нов Јужен Велс покажа дека државата може да има 25.000 нови случаи на КОВИД-19 дневно до крајот на јануари, рече министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард.
  • Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, вели дека Омикрон се шири со стапка што „не сме виделе со ниту една претходна варијанта“.
  • Две дози од вакцината против Ковид-19 на “Фајзер” се чини дека дадоа 70 отсто заштита од хоспитализација во Јужна Африка во последниве недели, откри реалната студија за потенцијалното влијание на Омикрон.
 Статистика за Ковид-19:

  • Викторија забележа 1.405 нови, локално стекнати и три смртни случаи.
  • Нов Јужен Велс забележа 1.360 нови случаи во заедницата и една смрт.
  • ACT забележа седум, Квинсленд шест случаи
 

За мерките што моментално се применуваат како одговор на пандемијата Ковид-19 на македонски јазик, посетете ја страницата овде.

Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:

Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија

Патувања

Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици

Финансиска помош

ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 


Share
Published 15 December 2021 3:49pm
Updated 15 December 2021 3:55pm
Presented by Maja B.Talevska


Share this with family and friends