Здравствените власти се обидуваат да контактираат со околу 140 луѓе кои биле на крстарење со брод во пристаништето Сиднеј во петокот вечерта, откако биле дијагностицирани пет случаи на КОВИД-19. Постои загриженост дека двајца најверојатно ќе ја имаат многу заразната варијанта Омикрон.
Светската здравствена организација вели дека варијантата Омикрон не предизвикува потешка болест од претходните варијанти на КОВИД-19, но сепак е потребна претпазливост.
Највисокото тело за вакцинација во Австралија, ATAGI, се очекува да ја донесе својата одлука подоцна оваа недела, за конечното одобрување на вакцината “Фајзер” за деца на возраст од пет до 11 години. Се очекува, откако ќе се одобри, децата од оваа возрасна група да бидат вакцинирани пред да се вратат на училиште, во новата учебна година.
Статистика за КОВИД:
- Викторија регистрира 1.312 нови и пет смртни случаи.
- Нов Јужен Велс забележа 403 нови и еден смртен случај.
- Квинсленд и Северната територија забележаа два , а Територијата на галвниот град на Австралија осум случаи.
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:
Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија
Патувања
Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици
Финансиска помош
Има промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици