Премиерот ќе одржи безбедносен состанок подоцна денеска, по што ќе следи состанок на националниот кабинет во следните 48 часа, за да го разгледа влијанието на новата варијанта Омикрон - нов и попренослив вид на КОВИД-19 што стигна во Австралија.
Двајца патници кои пристигнале во Сиднеј од Јужна Африка, биле позитивни на варијантата. Во моментов, на неавстралиските граѓани кои биле во некоја од деветте јужноафрикански земји што се предмет на загриженост, не им е дозволен влез во Австралија.
Министерот за здравство Грег Хант, вели дека Владата ќе побара медицински совет за ограничувањата за патување и ќе дејствува по потреба. Австралија во моментов е подготвена во среда, на 1 декември, повторно да се отвори за целосно вакцирани носители на визи, квалификувани работници и странски студенти.
Владата, исто така, побара од австралиската советодавна група за вакцини, ATAGI, да ги разгледа временските рамки за засилувачката доза, во контекст на меѓународните докази и новата варијанта Омикрон. Во моментов се советува да се прими заслувачката вакцина, шест месеци по втората доза.
Светската здравствена организација ги ажурираше информациите за Омикрон на | | | Руски | |
Статистика за КОВИД:
Викторија забележал 1.007 нови случаи и три смртни случаи.
Нов Јужен Велс забележа 150 нови случаи.
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:
Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија
Патувања
Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици
Финансиска помош
ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици
- Вести и информации на над 60 јазици на
- Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
- Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.