- Заклучувањето за Сиднеј и пошироката околина продолжено до 28 август
- Викторија истражува еден неповрзан случај на КОВИД-19.
- Нема нови случаи во Јужна Австралија.
- Квинсленд се соочува со двојна закана од КОВИД-19
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 177 нови, локално стекнати случаи и уште еден смртен случај. Најмалку 46 случаи биле во заедницата додека биле заразни.
Тековнoто заклучување е продолжено за четири недели, односно до сабота, 28 август. Дополнителни три области на локалната самоуправа во Сиднеј - Кембелтаун, Парамата и реката Џорџ ( George River ), сега се исто така под построги ограничувања на движењето, со дозвола да заминат само неопходните работници.
Вработените ангажирани во сферата на здравствената заштита и грижа за стари лица од Ферфилд, треба да се тестираат секои три дена, додека во Кантербери-Банкстаун сите неопходни работници мора да го направат тоа. Доследните правила воведени во Сиднеј и неговата поширока околина, дозволуваат купување и вежбање само на оддалеченост од 10 километри од дома.
Викторија
Државата евидентирала девет нови локално стекнати случаи, од кои осум се поврзани со тековните епидемии. Еден случај е сè уште под истрага.
Голем број ограничувања остануваат на сила, вклучително и задолжителна маска што се носи и во затворени простории и на отворено.
Последни 24 часа низ Австралија
- Главната здравствена службеничка на Квинсленд, д-р Џинет Јанг потврди дека 19 од 21 лица во екипажот на товарен брод се покажале позитивни на КОВИД-19, и еден човек кој веројатно бил заразен, бил присутен шест дена во заедницата во Бризбејн.
- Јужна Австралија го бележи вториот ден без нови случаи со КОВИД.
Варијанта Делта, безбедност и ефикасност на вакцините: Објаснува експерт за заразни болести
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија