Најнови информации за Ковид-19: Бројот на хоспитализации се зголемува додека Викторија ги затегнува ограничувањата

Gold Coast PCR testing line

People wait in line for a covid test at Robina Health Precinct on January 5, 2022 in Gold Coast, Australia. Source: Chris Hyde/Getty Images

Од лицата кои ќе вратат позитивен резултат од брзиот антигенски тест повеќе нема да се бара да прават PCR тест за да ја потврдат инфекцијата, според промените воведени од националниот кабинет во средата.

Има уште еден голем скок во бројот на Ковид-19 хоспитализации во Нов Јужен Велс и Викторија.

До 20 часот во средата имаше 1,609 лица во болница во НЈВ во споредба со 1,491 лице пријавено 24 часа претходно. На интензивна нега има 131 пациент.

Во Викторија, 631 лице е во болница, што е зголемување  во однос на претходниот ден кога беа пријавени 591 лице.Во државата има 100 лица на интензивна нега.

Во Квинсленд сега има  284 лица во болница, што е скок во споредба со 265 пациенти пријавени во средата. На интензивна нега има 12 лица.

Од вечерва во 23:59 ќе бидат воведени ограничувања за густина и и ќе стане задолжително да се пријавува позитивен резултат од брзиот антигенски тест до одделот за здравство.

Целосно вакциниран маж во неговите 20-ти години, без други здравствени состојби, почина од Ковид-19 во болница, објави Здравството на НЈВ.

Англија објави дека на целосно вакцинираните посетители како и на сите лица помлади од 18 години, од 4 часот наутро на 7 јануари, ќе им биде дозволен влез во државата без да мора да покажат негативен PCR тест.

Ковид-19 статистика:

Нов Јужен Велс евидентира 34,994 нови Ковид-19 случаи и шест смртни случаи додека Викторија регистрира 21,997 нови инфекции и шест смртни случаи.

Квинсленд евидентира 10,332 нови случаи и еден смртен случај.

Тасманија евидентира 751 нова инфекција а едно лице е примено во болница.

За мерките што во моментов се на сила како одговор на пандемијата на Ковид-19 на вашиот јазик притиснете на овој линк .

 


Share
Published 6 January 2022 7:56pm
Updated 6 January 2022 9:08pm


Share this with family and friends