- Нов Јужен Велс забележа уште еден рекорден дневен број случаи на КОВИД-19, со 3.763 дијагностицирани лица, при што клиниките за тестирање се преплавени.
- Во болниците во Нов Јужен Велс има 302 лица со вирусот, од кои 40 се на Интензивна нега.
- Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет ќе го покрене прашањето за интервалот за засилувачките дози на денешниот состанок на Националниот кабинет.
- Исто така, на агендата на состанокот на кабинетот ќе биде задолжителноста на маските, поради порастот на случаите низ целата земја.
- Премиерот Скот Морисон рече дека новото моделирање што покажува дека Австралија може да достигне 200.000 случаи на КОВИД-19 дневно е „многу малку веројатно“.
- Главниот медицински офицер на Австралија, Пол Кели, го опиша медиумското известување за моделирањето како „селективно“ и како „заблуда“.
- Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашеј, објави нови барања за маски за кината, театрите и работниците во угостителството од четврток, во 5:00 часот наутро.
- Главниот извршен директор на “Модерна”, вели дека компанијата не очекува никакви проблеми во развојот на засилувачката доза на вакцината, намената за заштита од варијантата Омикрон на вирусот КОВИД-19.
Статистика за КОВИД:
Нов Јужен Велс има регистрира 3,763 нови и два смртни случаи, додека во Викторија има 1,503 нови и шест смртни случаи.
Квинсленд пријави 186, Тасманија 12, а Територијата на главниот град на Австралија 58 случаи.
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:
Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија
Патувања
Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици
Финансиска помош
ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици
- Вести и информации на над 60 јазици на
- Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
- Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.