Најнови информации за КОВИД-19: Заклучувањето на Северната територија е продолжено на седум дена

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 16 ноември 2021 година

Kiongozi wa Wilaya ya Kaskazini Michael Gunner amewahamasisha wakaazi wa NT wafanye vipimo na wachanjwe

Ministro Chefe do Território do Norte, Michael Gunner fez um apelo para que comunidades indígenas se vacinem. Source: AAP Image/Aaron Bunch

 

 

  • Тридневното заклучување во областа Кетрин во Северната територија е продолжено на седум дена, откако беа откриени  девет нови случаи. Сите случаи во територијата се абориџински територии. Главниот министер Мајкл Ганер ги повика сите заедници да се вакцинираат.
  • Квинсленд повторно ги отвори границите за патниците од Нов Јужен Велс, со домашен карантин.
  • Започнува петнеделна истрага за смртните случаи од коронавирус во домовите за стари лица на St Basil's, при што Викторија истражува една од најсмртоносните епидемии на установи за нега на стари лица.
  • Националната телефонска линија за писменост, the Reading Writing Hotline, од октомври забележа скок од 46 отсто во повиците, поради збунувачки здравствени пораки поврзани со вакцинацијата против Ковид.
  • Викторискиот парламент дебатира за предложените закони за пандемијата сред интензивираните протести.
Статистика за Ковид-19:

  • Викторија забележа 797 локално стекнати случаи и осум смртни случаи.
  • Нов Јужен Велс забележа 212 нови случаи во заедницата и два смртни случаи.
  • Територијата на главниот град на Австралија регистрира 12, Северната територија девет нови локални случаи.
  • Нов Зеланд го регистрира својот најголем број од 222 случаи од почетокот на пандемијата, како и еден смртен случај.


Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 16 November 2021 2:53pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends