Нов Јужен Велс го забележа шестиот случај со вирусот Омикрон. Тоа е маж од Сиднеј, на 40 годишна возраст, кој пристигна со истиот лет минатиот четврток како и другите случаи.
Главниот медицински службеник Пол Кели, вели дека ќе бидат потребни до две недели, пред да има доволно информации за заканата од варијантата Омикрон.
Сите меѓународни патници кои влегуваат во Нов Јужен Велс и Викторија, треба да се изолираат 72 часа и да направат тест за Ковид-19. Вториот тест мора да се направи на шестиот ден по пристигнувањето во Нов Јужен Велс, и меѓу петтиот и седмиот ден во Викторија, дури и по излегувањето од карантин.
Сите патници кои влегуваат во Нов Јужен Велс од осумте јужноафрикански нации, или девет во случајот на Викторија, ќе треба да бидат во карантин 14 дена.
Нов Јужен Велс ги зголеми казните од 1000 долари на 5000 долари за оние кои нема да ги исполнат барањата за карантин или тестирање. Казната за корпорациите кои ги прекршуваат барањата е двојно зголемена, и иснесува на 10.000 долари.
Статистика за Ковид-19:
Викторија регистрира 1,179 случаи и шест смртни случаи, Нов Јужен Велс забележа 251 нов случај и а во Квинсленд немаше нови случаи.
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:
Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија
Патувања
Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици
Финансиска помош
ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици
- Вести и информации на над 60 јазици на
- Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
- Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.