Најнови информации за КОВИД-19: Најсмртоносниот ден во пандемијата во Нов Јужен Велс, но најлошото допрва доаѓа, предупредува премиерката

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 3 септември 2021 година.

PARRAMATTA PARK SYDNEY

People are seen exercising outdoor at Parramatta park in Sydney, Friday, September 3, 2021. Source: AAP Image/Dan Himbrechts

  • Приближно 1.000 пациенти со КОВИД во болниците во Нов Јужен Велс
  • 50.000 термини за вакцинација достапни во Викторија
  • Територијата на главниот град на Австралија прогласи дванаесетнеделен мораториум за потстанарите што треба да бидат иселени
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.431 нови, локално-стекнати случаи и 12 смртни случаи, а како што предупреди премиерката Береџиклијан, кризата со типот Делта во државата, дополнително ќе се продлабочи во наредните недели.

Сега има 979 пациенти со КОВИД-19 во болниците, од кои 160 на интензивна нега, а 63 на кислородна поддршка. Здравствените власти предвидуваат дека случаите ќе се зголемат во следните две недели.

Викторија

Викторија регистрираше 208 нови, локално-стекнати случаи, од кои 96 поврзани со познати епидемии. Почина едно лице на возраст од 60тина години.

Премиерот Ендрјус вели дека приоритетната програма за вакцина за учениците од 12-то одделение, ќе започне следниот вторник, 7 септември, додека 12-годишниците ќе станат следната  приоритетна група за вакцината “Фајзер КОВИД-19”.

Најдете тука во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 18 нови, локално-стекнати случаи, од кои 15 присутни во заедницата додека биле инфекцирани.

Владата стави на станарите со заостанатите долгови од кирија поради финансиска неволја, како резултат на загуба на приход или работни саати поради заклучувањето.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Од понеделник, 6 септември, Квинсленд ќе има 680 соби достапни во хотелски карантин, откако државата ги прекина пристигнувањата, поради проблеми со хотелски капацитет.
  • И покрај тоа што е приоритетна група, само нешто повеќе од 20 проценти од Абориџините и жителите на островот Торес, на возраст над 16 години, се целосно вакцинирани.
  • Вршителот на должноста премиер Џереми Роклиф, најави задолжителна вакцинација за здравствените работници во Тасманија.
 

  • alc covid mental health
    Source: ALC
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 

 

 

 

 

 

 

 


Share

Published

Updated

By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends