Најнови информации за Ковид-19: Нов Јужен Велс ги суспендира елективните операции

Ова е ажурирањето за вас во врска со коронавирусот во Австралија за 7 јануари 2020.

Perrottet presser

NSW Premier Dominic Perrottet (centre) speaks to the media during a press conference at South Western Sydney Vaccination Centre in Sydney, Wednesday, January 5. Source: AAP Image/Bianca De Marchi

Во Нов Јужен Велс, неургентните, елективни операции ќе бидат суспендирани до февруари, откако државата пријави 38.625 инфекции во последните 24 часа.

Жителите на Нов Јужен Велс кои имале позитивни резултати на брзиот антигенски тест ќе треба да го пријават истиот во здравствениот оддел и тој ќе се смета исто како позитивен PCR тест, објави премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет.

Нови ограничувања за пеење и танцување во угостителските места во Нов Јужен Велс ќе стапат на сила и ќе продолжат до 27 јануари.

Онаму каде што вакцините се задолжителни, ќе мора да се вклучат и засилувачите, рече Перотет на денешната прес-конференција.

Нов Јужен Велс достигна рекордни 1.738 хоспитализации со КОВИД-19. На интензивна нега се 134 лица, соопшти NSW Health.

Во Викторија хоспитализациите повторно се зголемија на 644 лица. Активни се 58 случаи на интензивна нега, а 24 се на вентилација.

Премиерот Скот Морисон ги повика Австралијците да ја проверат нивната подобност за сојузни исплати за катастрофи за пандемиски одмори, бидејќи бројот на случаите со Омикрон се зголемува.

Исплатата изнесува 750 долари за секој седумдневен период на лицето на кое му е кажано да се само-изолира или да помине низ карантин.

Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашеј, предупреди дека почетокот на првиот термин за основните училишта во Квинсленд може да биде одложен до две недели доколку се влоши епидемијата на Омикрон.

Невакцинираните жители на Северната територија сега мора да се придржуваат до строгите ограничувања за заклучување. Невакцинираните постари од 16 години можат да го напуштат домот само поради три причини и не може да патуваат подалеку од 30 километри од својот дом.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди да не се опишува варијантата Омикрон како блага, велејќи дека убива луѓе ширум светот.

Ковид-19 статистика:

Нов Јужен Велс евидентита 38,625 нови случаи на Ковид-19 и 11 смртни случаи, додека Викторија забележа 17,636 новиинфекции и шест смртни случаи.

Квинсленд евидентира 10,953 нови случаи додека Јужна Австралија пријави 3,070 инфекции.

Австралиската главна територија регистрира 1,246 нови случаи, а 1,489 инфекции беа регистрирани во Тасманија.

За мерките што се на сила како одговор на пандемијата на Ковид-19 на вашиот јазик, притиснете на овој линк .

 


Share
Published 7 January 2022 11:19pm


Share this with family and friends