- Откриени фрагменти од КОВИД-19, во области на регионален Нов Јужен Велс, каде нема скорешни случаи
- Прекинати бројни услуги на регионалната, возна линија V/Line во Викторија
- Дополнителни термини за вакцини се достапни во Територијата на главниот град на Австралија
- Квинсленд забележа еден нов случај во заедницата
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.542 нови, локално-стекнати случаи, како и девет смртни случаи.
Од понеделник, 13 септември, на до пет целосно вакцинирани жители, кои не живеат во една од , ќе им биде дозволено да се сретнат на отворено. Оние кои живеат во тие области, ќе можат да излезат на излет или рекреација, со целосно вакцинирани членови на нивното домаќинство, до два часа секој ден, а ќе можат и да вежбаат на неограничено време.
Фрагменти од КОВИД-19 се откриени во пречистителни станици во Тамворт, Лајтинг Риџ, Глен Инес, плажата Калбура и Моруја.
Од понеделник на 13 септември, NSW Health ќе обезбедува видео-ажурирања преку Интернет, наместо прес -конференции во живо, во 11:00 часот.
Викторија
Викторија забележа 334 нови, локално-стекнати случаи, од кои 149 се поврзани со познати епидемии. Едно лице почина од вирусот.
Дваесет транспортни услуги на се прекинати откако машиновозач кој патуваше од станицата Southern Cross до Гипсланд, се покажа позитивен на КОВИД-19. Се очекува прекините да се прошират на околу 100 транспортни услуги.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија, регистрираше 24 нови, локално- стекнати случаи, од кои најмалку шест присутни во заедницата, додека биле заразени.
Властите ги покануваат луѓето да ги пренесат своите постоечки резервации за вакцинација, преку системот , каде што се достапни над 30.000 дополнителни термини.
Последните 24 часа низ Австралија
Квинсленд забележа еден нов, локално-стекнат случај, кај тинејџер кој го посетува колеџот St Thomas More College, во населбата Санибанк, во Бризбејн.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.