Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс го објави патоказот до слобода

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 9 септември 2021 година.

Marrickville, Sydney, Thursday, September 9, 2021.

Members of the public wait in line at a Covid-19 vaccine pop-up vaccination clinic at Marrickville, Sydney, Thursday, September 9, 2021. Source: AAP Image/Joel Carrett

 

  • Заклучувањето е укинато во регионални делови од Нов Јужен Велс
  • Полицијата треба да спречи неовластено патување во регионална Викторија
  • Територијата на главниот град на Австралија, ја промени апликацијата за пријавување Check In CBR
  • Квинсленд забележа еден нов, локално-стекнат случај
Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.405 нови, локално-стекнати случаи, како и пет смртни случаи.

Премиерката Гладис Береџиклијан, ги објави . Тие ќе се однесуваат на возрасните, кои ги примиле двете дози од вакцината против КОВИД-19.

Правилото за престој дома повеќе нема да важи, а до пет посетители ќе бидат дозволени во дом, каде што сите возрасни се вакцинирани. Угостителски места, продавници за малопродажба, спортски објекти и лични услуги, како што се фризери и салони за нокти, повторно ќе се отворат, со правилото едно лице на простор од 4 квадратни метри.

Од 11 септември, заклучувањето ќе заврши за , кои регистрираа не регистрираа нови случаи, во текот на најмалку 14 дена.

Викторија

Викторија забележа 324 нови, локално-стекнати случаи, од кои 107 поврзани со познати епидемии.

Полицијата на Викторија ќе го зголеми своето присуство, за да ги спречи жителите од Мелбурн да се упатат низ државата, откако регионалните области ќе се ослободат од заклучувањето, на 9 септември.

Казните за прекршување на правилата и за обид за неовластено патување во регионалните области, може да достигнат до $ 5,500.

Најдете во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 15 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку осум во заедницата додека биле заразени.

Најновото ажурирање на апликацијата  овозможува да се испраќаат известувања до оние што се пријавиле за присутни на локација на изложеност на вирусот. Исто така, е достапна за секој што нема т.н паметен телефон.

Кликнете .
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share

Published

Updated

By SBS/ALC Content
Presented by Маја Талевска
Source: SBS


Share this with family and friends