- Во моментот има 25 случаи со варијанта Омикрон Ковид-19 во Нов Јужен Велс. Од нив, 14 се локални, а 11 од странство. Здравствените власти соопштија дека девет нови случаи се поврзани со кластер во затворена спортска сала за качување, што исто така зафати две училишта во Западен Сиднеј.
- Јужна Австралија сега има дополнителни мерки за тестирање и изолација за патниците од Викторија, Нов Јужен Велс и Територијата на главниот град на Австралија. Полицискиот комесар на Јужна Австралија и координатор за вонредни состојби, Грант Стивенс, вели дека не ја исклучуваат можноста повторно да ја затворат границата.
- 98 проценти од луѓето на возраст над 12 години во Територијата на главниот град на Австралија сега се целосно вакцинирани.
- Австралиското лекарско здружение во Западна Австралија сака 90 отсто од населението на возраст над пет години, да биде целосно вакцинирано пред државата повторно да ги отвори своите граници. Владата планира повторно да го отвори границите на државата, откако 90 отсто од над 12 ќе бидат целосно вакцинирани.
- Министерот за туризам на Викторија, Мартин Пакула, вели дека државните граници треба да бидат отворени за Божиќ, и покрај заканата од новата варијанта Омикрон.
- Здравствените власти во Соединетите држави велат дека раните податоци сугерираат дека варијантата Омикрон може да биде помалку опасна од Делта.
Статистика за Ковид-19:
- Викторија забележал 1.073 случаи и шест смртни случаи.
- Нов Јужен Велс забележа 208 случаи.
- Територијата на главниот град на Австралија евидентира шест нови случаи во заедницата.
За мерките што моментално се применуваат како одговор на пандемијата Ковид-19, на макеоднски јазик, посетете ја страницата
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:
Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија
Патувања
Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици
Финансиска помош
Има промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици
- Вести и информации на над 60 јазици на
- Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
- Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.