Нјнови информации за Ковид-19: Рекорден број на хоспитализации во НЈВ додека се зголемува бројот на нови случаи во Викторија и Квинсленд

Ова се најновите информации во врска со коронавирусот во Австралија за 4 јануари, 2020 година.

sydney testing aap

Health care workers collect information from members of the public as they queue in their cars for a COVID-19 PCR test at the St Vincent’s Drive-through Clinic. Source: Credit: AAP Image/Bianca De Marchi

Нов Јужен Велс постигна рекорден број на хоспитализации и дневен број на случаи додека варијантата Омикрон се шири низ државата. Сега има 1.344 лица во болница со КОВИД-19.

Синдикатот на наставниците во Нов Јужен Велс повика на итен состанок со здравствените и образовните службеници за да се разговара за безбедноста пред новата учебна година, среде растечката епидемија.

Од денеска, временската рамка помеѓу втората и третата доза е намалена на четири месеци, што значи дека приближно 7,5 милиони Австралијци сега можат да ја добијат тетата доза.

Директорот на Chemist Warehouse, Марио Тасконе ја повика сојузната влада да го укине данокот GST на брзите антигенски тестови во обид да ги намали цените во услови на растечка дебата за тоа кој треба да плати за тестовите.

Главниот здравствен директор д-р Џон Џерард рече дека патологијата на Квинсленд објавила дека 23 отсто од сите брисеви тестирани во понеделникот биле позитивни.

Повеќе од 100.000 луѓе во моментов се хоспитализирани со КОВИД-19 во САД, за прв пат по речиси четири месеци, според најновите податоци на Министерство за здравство и човечки услуги на САД (HHS).

Ковид-19 статистика:

Нов Јужен Велс евидентира 23.131 нови случаи на КОВИД-19 и двА смртни случаи, додека Викторија пријави 14.020 нови инфекции и два смртни случаи.

Квинсленд регистрира 5.699 нови случаи. 

Aвсралиската главна територија пријави 926 случаи, додека 702 инфекции се регистрирани во Тасманија.

За мерките што моментно се на сила како одговор на пандемијата на КOVID-19 на вашиот јазик, притиснете на овој линк .

 

 


Share
Published 4 January 2022 6:21pm


Share this with family and friends