Најнови информации за КОВИД-19: Државите најавуваат економски пакети, Нов Јужен Велс и Викторија бележат помал број случаи

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 12 октомври 2021 година

Kiongozi wa Victoria Daniel Andrews azungumza na vyombo vya habari mjini Melbourne

Kiongozi wa Victoria Daniel Andrews azungumza na vyombo vya habari mjini Melbourne. Source: AAP Image/James Ross

 

 

 

  • Нов Јужен Велс објавува финансиски пакет за обнова од КОВИД-19, наменет за бизнисите
  • Викторија ќе направи големи инвестиции во здравството
  • Комонвелтот го објавува она што го нарекува прв план во светот за ментална болест кај децата
Викторија

Викторија регистрираше 1.466 нови, локално стекнати инфекции  со КОВИД-19, како и осум смртни случаи. Од 675 лица во болница, само седум проценти биле целосно вакцинирани.

Премиерот Даниел Ендрјус, ги охрабри Викторијците да ги закажат за поскорешен термин вакцинациите со втората доза, ако е тоа возможно.

Пред повторното отворање на државата, властите најавија инвестиција во здравството, вредна неколку милиони долари.

Најавени се 255 милиони долари за поддршка на здравствените работници против „КОВИД“ од првата линија, а 2,5 милиони долари се наменети за регрутирање од странство, на 1000 здравствени работници.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 360 нови, локално стекнати случаи, како и пет смртни случаи.

Премиерот Доминик Перот го објави деловниот пакет за државата.

Трговците што ги исполнуваат условите, ќе можат да бараат повраток до 2.000 долари за одредени услуги и провизии. Објавени се значителни повратоци за бизнисите што се занимаваат со лесно-расипливи акции пред престојната божиќната сезона.

„Сакаме сопствениците на бизниси да знаат дека ја имаат нашата поддршка“, рече Перотет.

До понеделник се очекува државата да ја надмине целта за целосна вакцинација од 80 проценти, што претставува следен праг за олеснување на ограничувањата.

Најдете во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 28 нови случаи, од кои 22 се поврзани со познати извори.

Последните 24 часа низ Австралија

Квинсленд не регистрираше случаи на КОВИД-19.

82,8% од жители на Австралија со право на вакцинација, ја примиле првата доза од вакцината додека 63,4% се целосно вакцинирани.

Федералниот министер за здравство, Грег Хант, рече дека советите за ре-вакцинација со дополнителна доза за возрасни ќе бидат достапни пред крајот на октомври.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

ACT  and 
 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на .

Вести и информации на над 60 јазици на

Релевантни упатства за Вашата држава или територија:  .

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share

Published

Updated

By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends