Најнови информации за КОВИД-19: Тасманија и Јужна Австралија ги олеснуваат ограничувањата на границите

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 19 ноември 2021 година

Adelaide City

Adelaide may soon be bustling with visitors as travellers from LGAs with above 80 per cent can now travel to South Australia. Source: Getty Images

 

  • Јужна Австралија ќе ги отвори своите граници во вторник, на 23 ноември, но на патниците кои доаѓаат од областите на локалната самоуправа со стапка на вакцинација помала од 90 отсто, нема да им биде дозволено да присуствуваат на места со висок ризик, како што се местата за грижата за терминално болни и локацијата за тестирање Adelaide Ashes.
  • Патниците од Викторија, Нов Јужен Велс и Територијата на главниот град на Австралија, ќе треба да вршат проверка на симптомите на секои 14 дена преку телефонска апликација во Јужна Австралија.
  • Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет, вели дека речиси сите ограничувања во државата ќе бидат укинати до 15 декември.
  • Од 6 декември, за целосно вакцинираните лица, Тасманија ќе ги укине ограничувањата за танцување и пиење на настани, во пабови и клубови. На 15 декември државата ќе ги отвори границите со државите-жариштата.
  • Тасманија започна „5-дневна кампања за вакцинација“ за да ја поттикне вакцинацијата за тинејџерите, нудејќи им iPhone и iPad
Статистика за Ковид-19:

  • Викторија забележал 1.273 нови локално стекнати случаи и осум смртни случаи.
  • Нов Јужен Велс забележа 216 нови случаи во заедницата и три смртни случаи.
  • Територијата на главниот град на Австралија регистрира 17, а Северната територија два нови локални случаи.
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:

Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија

Патувања

Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици

Финансиска помош

ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 


Share
Published 19 November 2021 2:21pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends