- Премиерот Скот Морисон вели дека во Австралија се администрирани 40 милиони дози вакцини.
- Г-дин Морисон вели дека Австралија научила од искуството на САД и Канада во спроведувањето на вакцинацијата за децата.
- Децата на возраст меѓу пет и 11 години од следниот месец ќе можат да ја добијат вакцината “Фајзер Ковид-19” во Австралија. Се бара одобрение и за вакцините “Модерна”.
- Шест лица биле во заедницата додека биле заразни во Голд Коуст. Во местата за изложување е наведено и училиште.
- Нов Јужен Велс не открива нови инфекции со Омикрон преку ноќ, но фрагменти од коронавирус се пронајдени во отпадните води во регионалниот Нов Јужен Велс.
- Од Територијата на главниот град на Австралија велат дека нема да може да резервира термин за вакцинација за деца додека не се потврди набавката на вакцини од “Фајзер Ковид-19”
Статистика за Ковид-19:
- Викторија забележа 1.206 нови, локално стекнати и два смртни случаи.
- Нов Јужен Велс забележа 516 нови случаи во заедницата.
- Територијата на главниот град на Австралија забележа шест, а Квинсленд четири случаи.
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:
Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија
Патувања
Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици
Финансиска помош
Има промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици
- Вести и информации на над 60 јазици на
- Релевантни упатства за Вашата држава или територија: , , , , , , .
- Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.