Најнови информации за КОВИД-19: Викторија достигна 90 отсто двојна вакцинација, a Квинсленд го прегледува “балонот за патување”

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 25 ноември 2021 година.

Melbourne City

Premier Daniel Andrews said Victoria is 'one of the safest places anywhere in the world' after the state surpassed 90 per cent double vaccination target. Source: Getty Images

 

 

 

 

 

 

 

  • Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашеј, вели дека го разгледува можниот граничен меур со Нов Јужен Велс, по потврдениот случај во заливот Бајрон.
  • Главниот министер на Северната територија, Мајкл Ганер, вели дека во државата се шират дезинформации од странство, и побара жителите наместо тоа, да ги следат зборовите на традиционалните старешини.
  • Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, ги повика луѓето да останат љубезни кон персоналот во трговијата на мало и услужните дејности, кои ги спроведуваат протоколите за КОВИД-19, откако државата ја постигна целта за вакцинација од 90 отсто со двете дози.
  • Патниците од локалната самоуправа Кетрин во Јужна Австралија, се сметаат за „висок ризик“ и ќе мора да бидат во карантин седум дена.
  • Имателите на визата Temporary Graduate (subclass 485) -  привремен дипломиран, подкласа 485,  кои не можеа да допатуваат во Австралија поради меѓународните гранични ограничувања, ќе можат да аплицираат за замена на визата.
Статистика за Ковид-19:

  • Викторија забележал 1.254 нови и пет смртни случаи.
  • Нов Јужен Велс забележа 276 нови случаи во заедницата.
  • Територијата на главниот град на Австралија регистрира осум, а Северната територија еден нов случај.
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:

Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија

Патувања

Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици

Финансиска помош

ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици


NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 25 November 2021 2:05pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends