Дали вакцините ќе го запрат Омикрон? Информации за засилувачки дози против Ковид-19

Дали вакцините ќе го запрат Омикрон? Многу експерти укажаа дека актуелните вакцини и засилувачки дози може сè уште да понудат заштита од новата варијанта.

The vaccine technology underlying the booster shots is the same as the first and second vaccine doses.

The vaccine technology underlying the booster shots is the same as the first and second vaccine doses. Source: AAP

Новата варијанта на КОВИД-19, Омикрон, е означена како варијанта што предизвикува загриженост од Светската здравствена организација, со широко распространети шпекулации дека постојните вакцини за Ковид-19, можеби не се толку отпорни на неа.

Можеби ќе бидат потребни нови формулации за вакцини, при што од “Фајзер” велат дека би можеле да ја променат својата постоечка вакцина во рок од 100 дена, а “Модерна” објави дека би можеле да го постигнат истиот резултат до почетокот на 2022 година.

Кој ќе ги прими засилувачките дози?

Австралиската програма за засилена вакцинација против Ковид-19 започна во октомври, а од 8 ноември, дополнителните дози се достапни за секого на возраст од над 18 години, кој ги примил двете дози од примарниот курс на вакцината против Ковид-19, пред најмалку шест месеци.

АТАГИ во моментов не препорачува засилувачки дози за лица на возраст од 12 до 17 години и за оние со сериозно ослабени имунолошки системи, кои примиле трета доза за да ја завршат нивната примарна вакцинација.
People at the Boondall mass vaccination hub in Brisbane on 18 September 2021.
People at the Boondall mass vaccination hub in Brisbane on 18 September 2021. Source: AAP


Колку брзо треба да добиете засилувачка доза?

Препорачаниот интервал за третата доза за лица со сериозно слаб имунолошки систем, е помеѓу два и шест месеци по втората доза на вакцината.

Во исклучителни околности, како што е појава или засилување на имуносупресија, интервалот може да се намали на четири недели.

За општата популација, секој на возраст од над 18 години, треба да чека најмалку шест месеци по втората доза.

Како функционираат засилувачките дози?

 

Технологијата на засилувачките вакцини во основата е иста како онаа на првата и втората доза вакцина.

Засилувачот има за цел да обезбеди ниво на имунитет и оддржување на нивото на заштита од претходните дози на вакцината, бидејќи ефектот од антителата се намалува со текот на времето.

 

Д-р Емили Едвардс од Катедрата за имунологија и патологија на Универзитетот Монаш рече дека изградбените блокови за засилувачките дози, произлегуваат од знаењето за вакцините развиено во минатото, вклучително и тие за хепатитис и хуман папиломавирус (ХПВ), кои се дел од програмите за имунизација во училиштата.

 

„Се работи за изградбени  блокови“, рече таа за SBS News во октомври. „Технологијата можеби постои со години, а тоа е случај со вакцините и со имунолошките алатки што ги користиме за да следиме како реагирате на вакцината и вирусот.

 

Која засилувачка доза треба да ја примите?

Советите на ATAGI препорачуваат третата доза да биде “Фајзер”, која е mRNA вакцина, без оглед на тоа каква вакцина примила лицето за примарниот курс на вакцинација.

Владата очекува други вакцини, вклучително и “Модерна”, да бидат додадени бидејќи одобренијата се обезбедени од Администрацијата за терапевтски производи.

Иако не се претпочита, “АстраЗенека” може да се користи за трета доза, за оние кои ја примале за нивните претходни вакцини и не претрпеле никакви несакани реакции, како што е анафилакса. Може да се користи и за оние кои имале значителна несакана реакција по претходна вакцина против mRNA.

Како да резервирам?

Резервациите за лица кои ги исполнуваат условите се достапни преку лекар.

Можете да резервирате преку владината.
A healthcare worker speaks to a patient after administering a Covid19 vaccination at a pop-up vaccination van in Epping, Melbourne.
A healthcare worker speaks to a patient after administering a Covid19 vaccination at a pop-up vaccination van in Epping, Melbourne. Source: AAP
Колку се ефективни засилувачките дози?

Научниците се тркаат да откријат дали сегашните вакцини нудат заштита од варијантата Омикрон или не.

Меѓутоа, во случајот со варијантата Делта, вакцините продолжија да одржуваат високи нивоа на заштита од тешка хоспитализација и смрт.

Д-р Едвардс рече дека додека австралиските јурисдикции повторно се отвораат и излегуваат од заклучувањето, други алатки за јавно здравје, како што се маски и физичко растојание, сè уште ќе бидат неопходни. Но, ефективноста на вакцините сè уште останува висока - вклучително и таа на засилувачките дози.

 „Ако сте вакциниран, поголема е веројатноста да бидете заштитени од тоа отколку некој што не е. Сè уште ќе има некои инфекции, за жал. Навистина е важно, особено во оваа глобална пандемија“.

Дали има некакви ризици или несакани ефекти?

Бидејќи засилувачките вакцини се истите вакцини што се користеа за претходните вакцини, се очекува советите за несакани ефекти да ја следат истата линија. Но, здравствените власти ширум светот внимателно ги набљудуваат сите долгорочни ефекти.

Дали имаме доволно дози за секого?

Во октомври, Грег Хант рече дека Австралија е добро подготвена, за да обезбеди дополнителни дози.

„Со повеќе од 151 милион вакцини Фајзер, Новавакс и Модерна веќе обезбедени за снабдување во иднина, Австралија е добро подготвена да обезбеди дополнителни дози бидејќи одобренијата се обезбедени од медицинските експерти“, рече тој.

 

Експертот за заразни болести, Сањаја Сенајаке, претходно на меѓународно ниво изјави, дискусијата за засилувачите во богатите нации го стави центарот на вниманието на правичноста во распределбата на вакцините, бидејќи се однесува на обезбедувањето на првата и втората доза за неразвиените нации.

„На крајот на денот, ако сме заштитени од тешка болест и хоспитализација [во Австралија], треба да се обидеме да му помогнеме на остатокот од светот“, рече тој. „Мораме да бидеме несебични кога станува збор за КОВИД-19 и вакцинација“, додаде тој, мислејќи на колективниот имунитет на населението во азиско-пацифичкиот регион.

 

 


Share
Published 6 December 2021 3:43pm
By Biwa Kwan
Presented by Maja B.Talevska


Share this with family and friends