168 км истрчани за болните од церебрална парализа

Maria Macri completed a 168 km run for patients with cerebral palsy Source: Maria Macri Facebook
Марија Макри од Сиднеј во рамките на хуманитарната акција STEPTEMBER за собирање финасиски средства за болните од церебрална парализа од која боледува и нејзиниот син Марк истрча 168 км. Иако во услови на коронавирус и заклучувања во Сиднеј, сепак Марија успеа да се надмине самата себе и да ги истрча планираните километри знаејќи дека со секој "собран" долар ќе им се помогне на болните од церебрална парализа.
Share