Минатиот месец беше промовирана книгата "Одблесоци од минатото", од македонската авторка од Австралија, Гордана Димовска. Една од темите на кои е насочено вниманието на авторката во оваа книга, е македонскиот јазик и обидот за негово зачувување во Aвстралија. Во интервјуто за “СБС на македонски”, таа зборува за мотивацијата да се издаде ваква книга, како и за темите и жанрот на пишување.