Според д-р Миленковски, сите прашања од страна на пациентите се валидни и во разговор за СБС на македонски одговара на некои од најчестите во врска со вакцините.
Тој појаснува дека вакцините не содржат состојки кои предизвикуваат алергични реакции, а за привремените последици вели дека можат да бидат болка на местото на убодот, симптоми на лесна настинка или болки во мускулите, главоболка и слично, но дека траат вообичаено ден-два.
Доколку последиците се поинтензивни и траат подолго, најдобро е да се посети лекар, вели др Христијан Миленковски.