Доналд Трамп јасно стави до знаење дека царините ќе бидат дел од неговото претседателствување.
Досега, тој воведе дополнителни 10 отсто царини за сите стоки што влегуваат во САД од Кина.
Првичните планови за воведување тарифи од 25 отсто за сите стоки од Мексико и Канада беа паузирани најмалку 30 дена откако двете земји се согласија да ја зајакнат граничната безбедност.
Но, сега царините ќе се прошират на производите, не само на нациите.
Скот Френч, виш предавач на Универзитетот на Нов Јужен Велс вели дека се работи за заштита на интересите на САД и на американските работни места.
Тој смета дека Австралија се надева дека долгогодишните економски и безбедносни односи со Соединетите Држави, како и договорот за слободна трговија ќе бидат основа за ослободување од тарифите за увоз.
За време на последното претседателствување на Трамп, Австралија обезбеди исклучоци од слични царини за челик и алуминиум, при што тогашниот премиер Малком Трнбул ги искористи безбедносните врски на Австралија со САД.
Австралија, исто така, увезува повеќе од САД отколку што извезува - што значи дека сите наметнати реципрочни царини ќе имаат поголемо влијание врз САД.