Лабуристите имаат за цел да обезбедат девет од 10 посети кај матичен лекар да бидат бесплатни до крајот на деценијата, со тројно зголемување на поттикот за наплата на големо, додавајќи 18 милиони посети годишно и заштеда на семејствата од 859 милиони долари до 2030 година.
Планот вклучува 400 стипендии за медицински сестри и најголемата програма за обука на матични лекари во Австралија за 2.000 лекари.
Г-дин Албанезе вели дека лесен пристап до квалитетна здравствена заштита е клучно за градење силна и еластична економија.
Тој изјави дека посилен Медикер ќе биде главна точка на владината изборна кампања, додавајќи дека силната економија зависи од здраво општество.
Без здравје, нема сигурност.
Немопжноста да се има пристап до одличен лекар и најдобриот лек, и одложувањето на лекарски преглед затоа што не можете да си го дозволите тоа, е цената што ја плаќа не само поединецот, туку и целото општество, рече премиерот Албанезе.
Опозицискиот лидер Питер Датон брзо одговори со истото ветување за финансирање што го даде владата на Албанезе, воедно, oбвинуваjќи ја владата за падoт на стапките на наплата на големо (Bulk Billing).
Датон изјави дека e важно да се забележи дека 272 ординации за матични лекари се затворија во текот на последните три години, што е рекорд за владатa.
Tој вели коалициската влада е посветена на инвестиции во вредност од девет милијарди долари во мрежатa за општа медицинска пракса