Аби е хуманоиден робот со пријателско лице и талент за јазици.
Направени се напори да се вградат љубопитност и емпатични особини во нејзиното програмирање.
Примарната функција на хуманоидниот робот е интеракција со жителите и има способност да зборува на речиси 90 јазици.
Тоа е важно поради што во подоцнежните години, луѓето можат да се вратат и се потпрат на начинот на комуникација кој им e најудобeн.
Аби користи вештачка интелигенција за да препознава лица, да учи од нејзините интеракции со жителите и да се сеќава на претходните разговори.
Хуманоидниот придружник, кој, за првпат беше развиен пред три години среде предизвиците за изолација предизвикани од пандемијата COVID-19, е изум на 24-годишната инженерка за мехатроника Грејс Браун, која објаснува дека главен фокус биле манирите на Аби, нејзината личност и начинот на кој таа поставува прашања.
Иновативна технологија која се фокусира на социјалнатa изолација, произведена во Австралија и која еволуира и учи со секоја интеракција.
Браун вели се наоѓаат на прагот на нова технолошка ера каде што социјалните хуманоидни роботи ќе се размножуваат во болниците, образованието и училиштата.