Денот на независноста на Македонија без традиционалните прослави во Австралија годинава

Source: SBS
Традиционално по повод Денот на независноста ширум Австралија каде што има бројна македонска заедница се организира традиционалното кревање на македонското знаме. Годинава тоа нема да се случи бидејќи поголем број македонски организации во Австралија најавија дека нема да ја организираат традиционалната церемонија. Наместо тоа тие ќе го изразат своето незадоволство пред македонската амбасада во Канбера и конзуларното претставништво во Мелбурн поради Преспанскиот договор и промената на името на Македонија. Во аудио прилогот еден од организаторите на семакедонскиот собир во Канбера, Марјан Трајковски објаснува зошто Денот на независноста нема да се прослави како што беше вообичаено досега.
Share