Во февруари беа направени значајни промени во шемата за финансирање и објавување на информации за сојузните избори, но тие нема да стапат во сила до 2026 година.
Правилата беа променети во обид да се ограничи влијанието на донаторите, откако австралиските политички партии заедно потрошија 418 милиони долари на сојузните избори во 2022 година.
Но, постојат многу начини на кои „значителните парични суми“ можат да влијаат на австралиската политика, а некои експерти се загрижени.
Оваа епизода на SBS Examines истражува: како лобистите и донаторите влијаат на изборите и какво е нивното влијанието врз демократијата во Австралија?