Медисон Ристевски го менува светот со дела

Community projects

Source: Madison Ristevski

"Делата зборувуваат посилно до зборовите", особено во случајот на 16 годишната ученичка од Вологонг, Австралија, Медисон Ристевски, која е четврта генерација Австралијка, со македонско потекло. Како дел од своите студии, Медисон отпочнала донаторски проект за собирање средства, наменети за реновирање на руинураните тоалети, во Средното медицинско училиште "Д-р Јован Калаузи" во Битола. “После неколку посети на Македонија, сфатив дека сме благословени што живееме во Австралија каде здравството, образованието, демократијата и квалитетот на животот се сметаат за едни од најдобрите во светот...Моето искуство е дека децата учат од дома, од заедницата и од земјата. Ако има малку инспирација дома, депресивна заедница и голем број комплексни проблеми со кои се соочува една земја, тогаш каде одат децата за да растат, да напредуваат и да ги следат своите соништа? “- вели Медисон. Со својата филантропска порака, оваа инспиративна тинејџерка, успеала да ги мотивира луѓето од Австралија, Нов Зеланд, Кина, Малта, Канада и САД да донираат за нејзината кауза и за четири месеци успеа да собере околу 37,700 австралиски долари.


Community projects
Source: Madison Ristevski
Community projects
Source: Madison Ristevski
Community Projects
Source: Madison Ristevski
Community projects
Source: Madison Ristevski

Share