Од една од нашите соговорнички дознавме дека школувањето дома на почетокот се прифаќало како нешто интересно, но дека со одолговлекувањето на ограничувањата и заклучувањето,тоа сега станало голем предизвик бидејќи родителите се и учители и психолози и другари на своите деца веќе 18 месеци.
Таа вели дека нејзиниот тинејџер, од дете со позитивна енергија и љубов кон учењето сега е дете без голема мотивација и "свенато цвеке".