Под австралиското небо, Првите народи ја одржуваат и споделуваат својата култура веќе илјадници години.
Од Млечниот пат до метеорите и Месечевите мени - може да разбереме многу од астрономија и познавањето на ѕвездите на Првите народи.
Астрономијата е наука што се занимава со проучување на небесните тела и нивото движење, а астрономијата на домородните народи се однесува на нивното знаење за ѕвездите и нивната поврзаност со земјата и идеата дека сè на земјата е одразено во небото.
За Абориџините и островските народи на Теснецот Торес, небото игра клучна улога во културните практики кои се пренесуваат преку усна традиција низ илјадници генерации, во форма на приказни, песни, церемонии и уметност.

Месечината и мостот во Сиднеј Credit: Eclipse Chasers
Додека растела ги слушала приказните на нејзината мајка, на старешините и други членови на нејзината заедница и така таа дознала за Млечниот пат.
„Повеќе од 60.000 години, Првите народи гледаат нагоре кон ѕвездите. Тоа ни помага да го разбереме светот околу нас и ни дозволува да предвидиме промени во времето и водата, да знаеме како да се движиме по копно и на вода, и да планираме лов, трговија или церемонии и да пренесуваме приказни низ генерациите,“ објаснува старешината Џоан.
Знаење за вселената и ѕвездите е начин за Првите народи да го разберат светот во кој што живеат и своите улоги и одговорност во него.
„Имаме изрека – сè што е таму горе е овде долу. Тоа значи дека во ѕвезди , можете да ја пронајдете вашата заедница, песните,церемонијални места и точки за навигација – но потребна е помош да се разбере се, па затоа познавањето на јазикот и поврзаноста со регионот се критични“ вели тетка Џоан.
Дуен Хамачер е професор по културна астрономија на Факултетот за физика при Универзитетот во Мелбурн. Тој работи со членови на Абориџините и островските народи од Торес Стрејт за да го документира и сподели нивното традиционално знаење.
Според старшините, сè во небото е поврзано со земјата. Затоа, ако сакате да знаете како функционира светот околу вас, мора да ги погледнете ѕвездите.Дуен Хамачер
“Луѓето отсекогаш биле поврзани со небото. Ѕвездите ни помагаат да го разбереме просторот и времето. Тие влијаат врз науката и правото. Тие служат како карта и како часовник и функционираат како моќен простор за меморија, им овозможуваат на луѓето да пренесуваат знаење веќе илјадници години,” вели Дуане Хамачер.
Сè што е на небото има значење и цел. Движењата на Сонцето, Месечината и ѕвездите се користат за предвидување на промените во нашата средина, како што се сезоните, временските услови и однесувањето на растенијата и животните.

Австралиското ноќно небо Credit: Ken Cheung
„Ако сакате да знаете кога ќе врне дожд, погледнете нагоре. Ако сакате да ги означите циклусите на однесување на животните или да знаете кога да садите или берете, погледнете нагоре. Морате да научите да ги читате ѕвездите и вашата околина за да разберете што ви кажуваат.“
Овој холистички начин на гледање на светот е централен за културата на Абориџините и островските народи од Теснецот Торес, вели Дуане Хамачер.
„Во Торес Стрејт, старешините ги поучуваат луѓето како да се набљудува начинот на кој ѕвездите треперат. Ако можете да ги читате – што значи да ги набљудувате и разбирате промените, како што се бојата или колку брзо треперат – ќе научите важни работи за атмосферата. Ова може да ви каже дали доаѓа бура или ако ветровите се менуваат,“ објаснува Дуане Хамачер.
Секоја ноќ, ѕвездите изгреваат на источниот дел од небото четири минути порано од претходниот. Во текот на годината, ѕвездите прават цел круг како што Земјата се движи околу Сонцето.
Овој циклус на небесни промени се случува истовремено со промените на копното. Како што објаснува старешината Џоан, „Небесно ему“ познато и како „Темното ему“ е соѕвездие обележано од темните области на Млечниот Пат.
„Тоа што ми се допаѓа кај соѕвездието е што е пример дека Првите народи ги користат темните области на небото исто колку и ѕвездите, но и бидејќи го одразува однесувањето на животното, така што сè што гледаме емуто прави да на земјата се гледа и во небото. “

Соѕвездието „Темно ему„. Credit: Geoffrey Wyatt
„Ова е времето на годината кога птиците од родот ему се размножуваат,“ вели Дуане Хамачер.
„Како што поминуваат месеците, Темното ему е високо во небото во јуни и јули. Ова е времето кога машките птици седат на јајцата. Кога соѕвездието е вертикално на југозападниот хоризонт во август и септември, пилињата почнуваат да излегуваат.“
Соѕвездието е дел од традиционалните приказни пренесени од домородните луѓе и содржи важни научни информации.
„Старешините на народот Гунаикурнаи од јужна Викторија раскажуваат како некој човек на Месечината ловел ему. Емуто се обидело да избега преку дрво над река но се лизнало и паднало во водата. Приказната може да се види во небото. Силуетата на емуто лежи во небесната река - Млечниот Пат или Варамбул,“ објаснува Дуане Хамачер.
„Дрвото Јарран кое лежи преку реката е соѕвездието Јужен Крст, покрај главата на емуто. Кога човекот на Месечината го лови емуто, тоа се крие. Ова е симболизирано како природното затемнување на Месечината, чие светло го заматува деталите на Млечниот Пат, а со тоа соѕвездието Темното ему е тешко видливо.“
Преодните појави на ноќното небо, како метеорите, исто така имаат значење во културите на домородните народи.

Старешината Џоан Селф (лево), Вонредниот професор Дуан Хамахер. Credit: Supplied (left), Amanda Fordyce (right)
„Во голем дел од северна Австралија, светлите метеори се поврзани со зли духови. Метеорите претставуваат долги, тенки суштества кои летаат низ небото. Во Теснецот Торес, светлите метеори се нарекуваат Маир. Старешините објаснуваат дека тие ги претставуваат духовите на луѓето кои штотуку починале, кои патуваат низ небото како ракета кон Беиг, земјата на мртвите,“ вели г. Хамачер.
Односот помеѓу Абориџините и жителите на Торес Стрејт и ѕвездите придонесува кон чувство на идентитет и припаѓање – кон природниот свет, нивното чувство на битие и кон нивната култура.
Во астрономијата на Првите Народи потеклото на универзумот започнало за време на Тјукурпа. Недомородните луѓе тоа го нарекуваат „Сонување“, но во суштина, тоа е период на време пред многу, многу години кога сè што постои почнало да постои.Старешината Џоан
„Но што е интересно во оваа историја е дека не го вклучува ниту времето, ниту минатото како што го разбираме. Домородните луѓе имаат концепт – и тој се нарекува 'секоишто'. Пред многу години, духови се шетале низ земјата и ги создале планините, реките и небото, како и сите небесни објекти што ги гледаме околу нас, а тоа ни дава увид во разбирањето дека всушност сме ко-креатори на универзумот во кој живееме – набљудувачот и набљудуваното се едно исто ,“ објаснува тетка Џоан.
На овој начин, знаењето за ѕвездите на домородните граѓани е клучно за нивната поврзаност со минатото, сегашноста и иднината, што е централно за културата на Првите Нации.
За дополнителни информации, посетете ги веб-страниците на и .
Следете го поткастот Australia Explained за повеќе информации и совети за животот во Австралија.
Доколку имате прашања или идеи за теми, пратете мејл на [email protected].