Поради фактот што се повеќе докази го поврзуваат загадувањето на воздухот со долгорочни и краткорочни когнитивни проблеми, медицинските експерти велат дека владата може да стори повеќе за да ги заштити Австралијците на долг рок.
Иако загадувањето на воздухот не се смета за закана во Австралија, некои експерти велат дека дури и ниските нивоа на загадување се небезбедни и може да имаат долгорочни ефекти врз нашиот мозок.
Еден клучен индикатор за квалитетот на воздухот е густината на она што е познато како честички или P-M- Particulate Matter.
Честички се однесува на мешавина од цврсти и течни капки пронајдени во воздухот.
Кога се доволно мали, овие честички можат да влезат длабоко во нашите бели дробови.
Но, иако често го поврзуваме загадувањето на воздухот со здравјето на белите дробови, доказите покажуваат дека и нашиот мозок е изложен на ризик.
Kога вдишуваме загадувачи на воздухот, некои од нив минуваат низ носот и се доволно мали да преминат во задниот дел од носот и директно во мозокот.
И кога ќе влезат во мозокот, тие предизвикуваат воспалителна реакција во мозокот, што потоа со текот на времето може да доведе до промени во мозочната структура - Паркинсонова болест и Алцхајмерова болест.