Јованка Смилевска: Ќе се залагам за отворање катедра по македонски јазик на мелбурншките универзитети

Source: Jovanka Smilevska
Јованка Смилевска е новоизбраната претседателка на "Македонското учителско друштво на Викторија". Освен нова енергија и ентузијазам за афирмација на македонскиот јазик во Австралија, таа со себе носи 20 годишно искуство на педагог, но и визија за проширување на наставата по македонски јазик, преку отворање нови програми во основните и средните викториски училишта, како и во другите центри на Викториското школо за јазици. Дел од нејзината визија е отворање нова катедра по македонски јазик, на некој од мелбурншките универзитети.
Share