Лиса Смит: „Вашето тело го содржи лекот против рак на крвта.“

Donor_Portal_Yoni_Story_Header.jpg

Дарител на матични клетки за трансплантација. Source: Supplied

На секои 28 минути, некој во Австралија е дијагностициран со рак на крвта а за многумина, трансплантацијата на матични клетки од незнајник е нивна последна опција.


По повод Светскиот ден на дарители на коскена срж, од Фондацијата за Леукемија и Австралискиот регистар за дарители на матични клетки ги повикуваат Австралијците на возраст од 18 до 35 години, особено оние со мултикултурно потекло да се регистрираат за можноста да спасат нечиј живот.

На оваа тема, Лиса Смит, извршната директорка на Австралиски регистар за дарители на коскена срж разговараше со СБС на македонски.

Share