Рати Бартлот имала само 28 години кога била принудена да ја напушти својата татковина.
Со сопругот и нивната двегодишна ќерка, тие побегнале од геноцидот на Тамилите во Шри Ланка и со брод пристигнале во Австралија во 2013 година.
Повеќе од една деценија подоцна, тие сè уште чекаат постојан престој.
Ние живееме живот во неизвесност.
Рати аплицирала за виза за баратели на азил по брза постапка, систем воведен од страна на коалициската влада во 2015.
Системот беше укинат во јули оваа година, оставајќи илјадници луѓе да чекаат да се утврди нивниот визен статус.
Рати платила илјадници за нејзиниот случај да биде сослушан на суд. Но, поминале три години од кога таа последно примила коминикација од институциите.
„Многу е тешко“, вели таа.
„Не знам колку долго ќе бидеме во ваква позиција.„
Рати е само една од многуте самопрогласени „жртви“ на системот за визи по брза постапка.
Повеќе од нив се собраа на протест пред Министерството за внатрешни работи во Мелбурн.
Тие ја повикаа владата да им додели постојани визи.
Основачот на Тамилскиот совет за бегалци Аран Милваганам вели: „луѓето се чувствуваат безнадежно“. Source: SBS / Olivia Di Iorio
Поголемиот дел од погодените потекнуваат од Шри Ланка или Иран, според Санмати Верма, правна директорка на Правниот центар за човекови права.
Г-ѓа Верма рече дека процесот на доделување визи по брза постапка е дизајниран да биде неуспешен.
Тоа е ироничното нешто за таканаречениот брз процес за доделување визи; не беше воопшто брз.
„Менталниот притисок врз луѓето, притисокот врз нивните семејства и нивните деца е апсолутно брутален“, рече таа.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави за SBS Examines дека Владата има цел да им обезбеди на оние кои подолго престојуваат во Австралија можност да го продолжат својот живот во државата.
Тие рекоа дека постојат опции за оние кои чекаат да добијат постојана виза.