Австралиски хор пее македонски народни песни во комедијата "Баба бегалка"

Australian Macedonian Theater

Source: Dushan Ristevski

Aвстралискиот хор Georges River Voices од Сиднеј ги пее македонските народни песни "Не се бели Mаре мори, не се црви", "Македонско девојче" и "Jано Јано", во најновата комедија на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј, насловена "Баба бегалка", на авторот Душан Ристевски. Дали сместувањето на постарите членови од нашето семејство во стартечки дом значи отсуство на грижа, љубов, лојалност и посветеност? И дали нивниот живот, радост и возбуда нужно завршува со тој чин? - се прашањата што Ристевски се обиде драматуршки да ги одговори, во ова најново остварување на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј. Претставата ќе биде изведена во недела, на 1 декември, со почеток во 17:00 часот, во St George Bank Auditorium Kogarah, во Сиднеј.


Australian Macedonian Theater
Source: Dushan Ristevski
Australian Macedonian Theater
Source: Dushan Ristevski


 

Australian Macedonian Theatre
Source: Dushan Ristevski
Macedonian Theatre
Source: Dushan Ristevski

Share