“Да се биде од Македонија денеска воопшто не е хендикеп, ако тоа, било во минатото кога било, тоа денеска сигурно не е, односно како млад човек од Македонија, доколку знаете да ги искористите сите ресурси кои што ги имате на располагање, не верувам дека ќе бидете во некаква потчинета или уназадена состојба во споредба со било кој друг”, вели м-р Иван Дургутов запрашан за причините зошто младите во голем број ја напуштаат родната земја.
Млади професионални Македонци - Да се биде од Македонија не е хендикеп

Мартин Николовски, новинар во Македонската телевизија и Иван Дургутов, млад европски амбасадор и поранешен директор на Европската бизнис асоцијација во Скопје, во студио на СБС во Сиднеј, 27 февруари,2025.
Иван Дургутов, магистер по право, млад европски амбасадор и поранешен извршен директор на Европската бизнис асоцијација во Скопје и Мартин Николовски, млад новинар во МТВ и претседател на “Интерактив”, здружение за меѓународна младинска соработка од Битола, се согласуваат дека младите во Македонија се високо образовани, информирани и компетентни и како такви, посакувани на пазарот на трудот во светот.
Share