Нашиот денешен гостин во програмата, господин Џон Изев, еден од основоположниците на Македонската Евангелска мисија во Австралија, имал значајна улога во создавањето и преведувањето на литургиите на црквата и продолжува и ден денес да служи како столб на проповедите на оваа верска заедница.
Низ разговорот, господинот Изев не запознава со раните почетоци на македонскиот евангелизам во земјава како споредба со црквата од иста вероисповед во Македонија, каде беше и забранета по втората светска војна, и во која се вели дека не постојат икони, ниту пак се палат свеќи, и за голема разлика, парохијаните ги пеат псалмите.