"Во делот на надворешната политика, би рекол, имаме 3 клучни константи. Прво, ние сме земја членка на НАТО, второ, ние сме земја која што претендира да стане полноправна членка на ЕУ и ние сме усогласени со заедничката надворешна безбедносна политика на ЕУ и трето, ние сме една од ретките земји што имаат стратешко партнерство со САД. И мислам дека по однос на сите три клучни позиции, нема некоја отстапка од ставовите на Австралија", г-дин Муцунски.
Македонскиот министер за надворешни работи во посета на Австралија
![MFA Timco Mucunski in SBS Studio.jpg](https://images.sbs.com.au/dims4/default/f4b148a/2147483647/strip/true/crop/2450x1378+0+0/resize/1280x720!/quality/90/?url=http%3A%2F%2Fsbs-au-brightspot.s3.amazonaws.com%2Fe3%2Fbc%2F02be84644a73ba6b19610c613f35%2Fmfa-timco-mucunski-in-sbs-studio.jpg&imwidth=1280)
Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во студио на австралиското државно радио СБС, 10 февруари 2025, Сиднеј.
Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е во работна посета на Австралија по повод 30-годишниот јубилеј од воспоставувањето на билатералните односи, го посети државното радио СБС за ексклузивно интервју на програмата на македонски јазик.
Share