Македонскиот Ден на независноста во Австралија: Глас на протест во име на правата на Македонците

Source: Supplied
Денот на независноста на Македонија - 8 Септември, беше повод дел од македонската заедница во Австралија, да го изрази своето незадоволство и револт од политиките на актуелната македонска влада, пред се врзани за преименувањето на Република Македонија. Протести беа организирани пред македонската амбасадата во Канбера, како и пред македонскиот конзулат во Мелбурн. Демонстрантите пратија пораки за непомирување со серија одлуки на македонските власти врзани за македонските национални прашања, особено со Преспанскиот договор за решавање на спорот околу името, потпишан со Грција, минатата година.
Share