Изучувач на македонскиот јазик меѓу победниците на "Националниот натпревар по јазици на СБС за 2019"

Lidija Veljanovski, along with the MP Julian Leeser, James Taylor, SBS Managing Director and Mandi Wicks, ALC Director Source: SBS
Учејќи го македонски јазик со цел што подобро да комуницира со својата баба, сега, во раните 40-ти години, Лидија Вељановски од Нов Јужен Велс, ја доби наградата во категоријата возрасна група над 18 години, на годинешниот "Национален натпревар по јазици на СБС". Оваа Австралијка со македонско потекло, е една од петте победници избрани во пет возрасни категории, а засновани на творби што покажуваат креативен пристап кон учењето јазик. "Учењето на македонски јазик ме приближи до оние што ми се најблиски и тоа направи огромна разлика за мене во тоа што ми овозможи да ја одржувам својата македонска култура и семејно наследство. Сега ја охрабрувам ќерка ми, нашата следна генерација, да ги открие нејзините македонски корени со учење на јазикот и да се обезбеди нашата, македонска култура да биде зачувана во иднина" - вели Лидија.
Share