1948 - " Mајке... не ме оставај ! "

Лефа Маркова во 1983 година за време на посета на селата во Егејска Македонија.
Лефа Маркова од село Лаген, Егејска Македонија, стана дете бегалец во 1948 година, периодот на Граѓанската Војна во Грција. Со близу 30.000 други македонски деца, таа се вклопи во масовната мисија координирана од Црвен Крст за спасување на децата. Маркова и ден денес останува благодарна на земјите домаќини што ја заменија мајчинската љубов со храна, чиста облека, образование на македонски јазик и перспективи за вработување, додека децата биле одвоени од своите блиски.
Share