„Никој не победува ако разговорите не успеат“: Биолошката разновидност повторно на агендата на COP16

Protesters out the front of biodiversity talks in Rome (AAP).jpg

Демонстрантите пред местото на разговорите за биолошката разновидност во Рим Credit: (ААР)

Највисоките еколошки делегати ги продолжија разговорите на самитот на Обединетите Нации COP-16 за биолошка разновидност во Рим. Тие бараат начин како да набават 200 милијарди долари годишно за да платат за заштита на биолошката разновидност до 2030 година.


По неколку часа во дополнителното време, најбогатите нации во светот останаа во судир со нај сиромашните по прашањето, дали да се создаде специфичен фонд за финансирање на зачувувањето на природата.
Таа поделба беше потенцирана од страна на претседателката на COP-16 Сузана Мухамад која изјави дека “во овој многу поларизиран, фрагментиран, поделен и конфликтен гео политички пејзаж, имаме важна одговорност да работиме заедно”.

Претходните разговори COP-16 во Кали, Колумбија дадоа некои значајни резултати пред да бидат прекинати.
Тие вклучуваат договор со кој се бара од компаниите кои имаат корист од генетските ресурси во природата - на пример, со развивање лекови од растенија од дождовни шуми - да ги споделат придобивките.

Елизабет Мрема, Заменик-извршен директор за програмирање на животната средина на ОН ги повика преговарачите да не ја прават истата грешка двапати.

Таа ги повика сите страни “да признаат дека никој не добива ако разговорите не успеат. Ниту една земја не е имуна на оваа криза, ниту можат сами да се справат со неа.
Ја споделуваме природата и зависиме од природата.
Мулти латерализмот е наша единствена надеж”, изјави Мрема.
Целокупната финансиска цел на глобалната рамка за биодиверзитет беше да се постигнат 20 милијарди долари годишно во фондот до 2025 година, а потоа 30 милијарди долари до 2030 година.

Но, досега, заклучно со ноември се ветени само 383 милиони долари, од 12 нации или поднации.
Мерките од страна на американскиот претседател Доналд Трамп од инаугурацијатa во јануари за намалување на еколошките политики и финансирање, фрлија сенка врз глобалните дискусии.
И покрај тоа што најголемата светска економија никогаш не била формален потписник на напорите, промената на политиката на г-дин Трамп може да претставува предизвици за постигнување на некои од овие глобални цели за биолошка разновидност.
Сара Бекеси, професор по одржливост на Универзитетот RMIT и водач на Советот за биолошка разновидност вели дека Австралија е светски лидер во загубата на биолошката разновидност, со исчезнувањето на најмалку сто видови од времето на европската колонизација, уште околу 2,000 видови на работ на истребување, и 19 екосистеми, вклучително и Големиот корален гребен, кои се на работ нa колапс.
Дискусиите на високо ниво треба да продолжат до 27 февруари.

Share