Австралиско Македонската Добротворна Организација за Добробит НЈВ, во својот проект за волонтери финансиран од Владата на НЈВ – Oддел за заедниците и правда (Department of Communities and Justice -DCJ), сака да ги вклучи волонтерите од заедницата, како и членовите на заедницата кои сакаат да станат волонтери, за да им се овозможи помош и поддршка на лицата кои имаат потреба.
Фокусот е особено на постарите и лицата со онеспособеност кои се сместени во домовите за нега и болниците, или се чувствуваат осамено и изолирано во нивните домови во областите на Bankstown Canterbury, Fairfield, Liverpool, Bayside и Georges River.
Дознајте повеќе од разговорот со Лихнида Бахчанџиева-Тасеска од добротворната организација која што работи на овој проект.