Над 600.000 мигранти работат под нивото на нивните вештини, според нов извештај на организацијата Settlement Services International (SSI).
„Знаењето и вештините на 44 отсто од доселениците се недоволно искористени во Австралија и тоа е навистина голема загуба, кога постои недостиг во една третина од занимањата низ целата држава“, вели Лили Џианг, менаџерка на кампањата Активирај ги вештините Австралија на SSI.
„Од приказните што ги слушаме и податоците до кои имаме пристап, мигрантите често се вработуваат во гостопримството, стануваат чистачи или возат такси...“.
Според заклучоците на SSI, доколку доселениците имаат вработување кое одговара на нивните вештини со иста стапка како и работниците родени во Австралија, тоа би придонело 70 милијарди долари кон економската активност во текот на 10 години.
Во оваа епизода на SBS Examines, во соработка со SBS Mandarin се разгледува прашањето: Зошто мигрантите се борат да најдат работа во согласност со нивните квалификации, во услови на недостиг на вештини - и кои се последиците за Австралија.