Како последица на тешкиот социјален и економски живот од македонските етнички простори по патот на надежта, среќата и успехот, пред три века започнала непрекинатата македонска печалбарско - иселеничка сага.
Денес речиси и да нема континет на планатета Земја каде не живеат Македонци.
Од крајот на 19-от век па се до ден денес во првите две декади од 21-от век во континуитет трае доселувањето и во Австралија.
Историчарот д-р Ицо Најдовски - Перин, автор на повеќе научни трудови и добар познавач на темата "Македонците во Австралија" во разговор за СБС радио објаснува подетално за дослеувањето на Македонците во Австралија.