ОМД Австралија: Кои се проблемите со кои се соочува македонската дијаспора во Австралија?

UMD Global Board of Directors member and a director of UMD Australia, Vera Sekulovska. Source: Supplied
Обединетата Македонска Дијаспора (Австралија) и програмата на млади лидери „Генерација М“ подготвуваат писмен поднесок до австралискиот сенат, како дел од нова истрага на тема „Прашања со кои се соочуваат заедниците на дијаспорите во Австралија“. Темите за дискусија вклучуваат можности за финансирање и заштита на ранливите групи, бариери за учество во демократските и социјалните институции и зајакнување на партнерствата меѓу владата и дијаспората. Членката на глобалниот совет на директори на ОМД и една од директорите на ОМД за Австралија, Вера Секуловска ги поканува Македонците да го дадат својот придонес кон поднесокот до Сенатот на ОМД за кој краен рок е 31 јули 2020 година.
Share