"Кога дојдов во Австралија во 1935 година, знаев да зборувам само македонски" вели Велика Стамкова (93) од Мелбурн, маркантна фигура од првиот бран македонски доселенци во Австралија. "Знаев да зборувам на македонски, но не знаев да читам и пишувам на кирилица, и затоа се чувствував небаре имам едно око. Во тоа време немавме македонски школи во Австралија, се запишав во руско, само за да ја научам азбуката"- вели Велика, коментирајќи дека е одлично што денешните генерации што растат во Австралија, имаат можност да учат македонски во училиштата. Ова е првиот дел, од серијата разговори со Стамкова, која остави трага во поширокото австралиско општество, со својот политички активизам во 70тите години од минатиот век, делувајќи во рамките на Лабуристичката партија на Австралија.
Велика Стамкова во дом за стари лица во Гленрој, Мелбурн Source: Velika Stamkova